Сити немаше милост нити за Блекбурн

Повторениот натпревар од 3. коло во англискиот ФА Куп, дуелот на “Итихат” помеѓу екипите на Манчестер Сити и Блекбурн заврши со убедлив триумф на “граѓаните” од 5:0.

По два погодока постигнаа интернационалците од Шпанија и БиХ, Алавро Негредо и Един Џеко, а противничката мрежа ја затресе и репрезентативецот на Аргентина, Серхио Агуеро, кој се врати на фудбалските терени по пауза од неколку недели.