Сити одмазнички го декласираше шампионот Ливерпул

Во последниот натпревар од 32-то коло на англиското фудбалско првенство второпласираниот Манчестер Сити на својот терен го декласираше новиот шампион Ливерпул со 4:0.

Ова е првпат по пет години Ливерпул да прими три гола во првото полувреме. Тоа се случи во мај 2015 година, кога „Црвените“ загубија од Стоук Сити со 1:6.

Значаен момент на мечот се случи во 23 минута кога Рахим Стерлин избори пенал кој го скриви Гомез го реализираше Кевин Де Брујне, а потоа истиот играч на додавање на Фоден зголеми на 2:0. Стерлин првпат постигнува погодок против Ливерпул за кој настапвуаше до 2015.

Пред заминувањето на полувреме Фоден и Де Брујне одиграа одлично двојно проигрувања од кој младиот Фоден во 45 минута со силен удар од врвот на шеснаесетникот погоди за 3:0. Ова е првпат Фоден во кариерата да постигне погодок и асисетнција на еден натпревар во Премир лигата. Во продолжението Александер Оклсејд-Чемберјлејн во 66 минута во желба да го одбие ударот на Стерлинг, ја срвери топката во сопствената мрежа за 4:0.

Второпласираниот Манчестер Сити сега има 66 бодови, недостижни 20 помалку од Ливерпул кој веќе во неделата и теоретски ја обезбеди 19-та титула, а прва по дури 30 години.

Во првиот натпревар во 32-то коло на англиското фудбалско првенство одигран во четвртокот, Шефилд Јунајтед на својот „Брамат Лејн“ со 3:1 го совлада Тотенхем.

Домашните поведоа со голот на Сандер Берге во 31 минута со прецизен удар од десетина метри на одлична асисетнција на Башам, на 2:0 зголеми Лис Мусе во 69 минута кому не му беше тешко да ја сврти топката во празната мрежа по одличната акција на Стивенс по левото крило, а во 84 минута стрелец беше и Оливер Мекберни кој од пет метри го совлада гостинскиот голма по продорот на Берге по десната страна. Тотенхем го ублажи поразот преку Хари Кејн во 90 минута на асистенција на Сон.

За 22-годишниот Берге ова беше првиот погодок за Шефилд по првиот удар кон противничкиот гол во осумте меча во кои настапи за екипата на првенствен дуел.

Шефилд Јунајтед ја прекина серијата од три натпревара без победа, и се искачи на седмото место со 47 бодови, прескокнувајќи го Тотенхем кој ја почувствува горчината на поразот по четири кола, и остана на деветтото место со 45 бодови.