Сити победи со хет-трикот на Халанд, Арсенал го доби дербито со Јунајтед,

Во дербито од 21-то коло на англиското фудбалско првенство лондонски Арсенал на домашен терен со 3:2 и повторно има пет бодови предност пред второпласираниот Манчестер Сити.

Лондонските „Топчии“ и манчестерските „Црвени ѓаволи“ одиграа одличен натпревар со пет погодоци и низа шанси пред двата гола, а решавачкиот погодок Арсенал го постигна во последните моменти од мечот.

Јунајтед поведе во 17 минута со голот на Маркус Рашфорд, но само минути подоцна израмни Едвард Нкитиа. Во 53 минута Букајо Сака со убав удар од повеќе од 20 метри направи резултатски пресврт во полза на домашните, но радоста на Арсенал траеше кусо, бидејќи веќе во 59 минута по нафрлување од корнер израмни Лисандро Мартинез.

Арсенал во завршната четвртина од дуелот беше подобар, притискаше и создаваше шанси но Одегард и Сака не беа прецизни. Сепак, во 90 минута стрелец за „Топчиите“ беше Нкетиа кој го постигна својот втор гол на мечот. Погодокот беше проверуван поради можни офсајд позиции прво на Зинченко, а потоа и на Нкетиоа, но судијата Ентони Тејлор се увери дека и двете ситуации биле регуларни.

Арсенал сега повторно со 50 бодови има пет бодови предност пред Манчестер Сити, кој има и натпревар повеќе. Трет е Њукасл со 39 бодови, а Манчестер Јунајтед остана четврти со 39 водови, шест повеќе пред Тотенхем кој во понеделник му гостува на Фулам.

Претходно во неделата Манчестер Сити рутински стаса до победата над Вулверхемптон со 3:0, со трите погодоци на Ервин Халанд, во 40, во 50 од пенал и во 54 минута. Тоа е четвртиот првенствен „хет-трик“ на 22-годишниот норвешки напаѓач, кој веќе стаса до бројката од 25 погодоци сезонава во Премиер лигата. Вулвехемптон остана на 17 бодови и на 17-то место, на самата граница од зоната на испаѓање.

Лидс Јунајтед и Брентфорд ги поделија бодовите без постигнат погодок. Лидс е 15-ти со 18 бодови, бод од опасната зона, а Брентфорд е моментално е осми со 30 бодови.