Сити подобар во манчестерското дерби, Волвс по четири децении го добија Арсенал

Фудбалерите на Манчестер Сити направија во средата вечерта голем чекор кон одбраната на титулата во Англија, совладувајќи го во 35-то коло во градскот дерби Манчестер Јунајтед со 2:0.

Гостувањето на „Одл Трафорд“, според името на противникот, требаше да биде најтешкикот дуел на Сити до крајот на сеозоната, но екипата на Пеп Гвардиола тоа успешно го надмина со погодоците на Бернардо Силва во 54 и Лирој Сане во 66 минута.

Ова беше 11-та последователна победа на Манчестер Сити во Премиер лигата, последниот пат не победија на 29-ти јануаро кога беа поразени од Њукасл со 1:2. Манчестер Јунајтед, пак, по извонредниот стар на Гунар Оле Солскјер на клупата во последните десет натпревари победи три пати бо седум пати доживеа пораз.

На првенствената табела Манчестер Сити се врати на врвот со 88 бодови, пред Ливепрул кој има бод помалку. Манчестер Јунајтед сега е шести со 64 бодови и прашање е дали до крајот на сезоната ќе може да се пласира на последнот место кое води во Лигата на шампионите следната сезона кое го држи Челзи со три бода повеќе а токму овие два тима се среќаваат следното коло на 28-ми април.

Во битката за пласман во Лигата на шампионите киксираше и лондонски Арсенал кој загуби на гости кај Вулверхемптон. Домашните беа супериорни и веќе на полувремето имаа предност од 3:0 постигната со погодоците на Риубен Невиш во 28, Мет Доерти во 37 и Диогу Жота во 45 минута, додека „Топчиите“ успеаја само да намалат преку Сократис Папастатопулос во 79 минута .

Арсенал во последните пет кола од англиското првенство доживеа три пораза. Вулверхемптон последен пат го совладал Арсенал пред 40 години, на 1-ви септември 1979 година.

Арсенал е петти со 66 бодови, а Вулверхемптон е седми со 51 бод.