Сити првпат славеше против Реал, Лион го шокираше Јувентус

Во најинтересниот судир во осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите, Манчестер Сити во Мадрид во средата вечерта од во петиот меѓусебен судир го совлада Реал со 2:1, а во вториот дуел Лион пред своите навивачи со 1:0 го изненади Јувентус.

Судирот меѓу најтрофејниот европски клуб и најскапиот клуб на денешницита, им донесе предност на гостите од Манчестер кои направија резултатски пресврт во последните 12 минмути од натпреварот.

Реал поведе во 60 минута преку Иско, но гостите го направија пресвртот со головите на Габриел Жезус во 78 и Кевин де Брујне во 84 минуте од пенал. Реал мечот го заврши со играч помалку, бидејќи во 86 минута беше исклучен Серхио Рамос.

„Кралевите“ подобро влегоа во мечот, но првата шанса ја имаа „Граѓаните“ во 21 минута, кога де Брујне одлично додаде до Жезус кој се ослободи од чуварот и шутираше, но Тибо Куртоа со фантастична реакција ја сочува мрежата на Реал. Домашните возвратија во 30 минута преку Карим Бензема, но и Едерсон исто така одлично одбрани.

И во вториот дел гостите порви се заканија, во 55 минута шутиршае Марез, но белгискиот голам одбрани. И токму во периодот кога Сити се поопасно се закануваше, Реал поведе во 60 минута, откако Лука Модриќ пресече една топка која се одби до Виникиус а тој ја продолжи до Иско кој без проблем поентираше. Сити успеа да израмни во 78 минута преку Жезуз кој погоди со глава на центаршут на де Брујне. Домашните бараа прекршок над Рамос, но судиите не се согласија. Само четири минути подоцна Сити направи целосен пресврт, а стрелец од белата точка беше де Брујне. Пеналот го направи Карвахал над Стерлинг. Реал немаше сила да израмни и откако во 86 минута Рамос како последен човек во одбраната го собори Жезус и зартаботи директен црвен картон.

Вечерашниот дуел беше славенички за францускиот напаѓач Карим Бензема, кој стана шести играч во историјата на Реал кој одиграл најмалку 100 натпревари за „Кралевите“ во Лигата на шампионтие. Пред него се Кристијано Роналдо со 101, Роберто Карлос со 107, Серхио Рамос со 125, Раул со 130 и Икер Касињас со 150 натпревари.

Во вториот дуел во средата вечерта Лион приреди изненадување победувајќи го фаворизираниот Јувентус со 1:0, а решавачкиот гол го постигна Лукас Тусар во 31 минута. И за „Лавовите“ ова беше првата победа во петте средби со торинската „Стара дама“.

Лион прв се закани во 21 минута, но ударот со глава на Кара Екамби по изведен корнер заврши во стативата. Лион играше многу подобро и десет минути подоцна дојде до водство кога Тусар беше проигран од Хусем Ауар. Францускиот тим имаше уште една голема шанса во 40 минута, но Екамби шутираше над голот.

Италијанскиот шампион во првите 45 минута не покажа ништо, за што многу јасно покажува дека во овој период не упати ниеден удар во рамките на противничкиот гол. Јувентус во вториот дел го засили притосокот, но изостана конкретна завршница а Лион го сочува водството.

Реванш натпреварите се закажани за 17-ти март во Манчестер и Торино.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.