Сити сѐ повеќе заостанува зад Ливерпул

Фудбалерите на Вулверхемптон со голем пресврт на својот стадион со 3:2 го победија Манчестер Сити, и заостанува веќе 14 бодови зад водечкиот Ливерпул.

Во драматичниот натпревар екипата на Пеп Гвардиола од 12 минута играше без исклучениот Едерсон, но и со играч помалку успеа да поведе со 2:0.

Во 25 минута Рахим Стерлинг не реализираше пенал, но сепак прв дојде до одбената топка и го постигна водечкиот гол за Сити, а во 50 минута погоди и за 2:0.

Потоа во 55 минута со одличен удар од работ на казнениот простори Адам Траоре намали на 1:2, а упорноста на Волвс даде резултат во 82 минута, кога Раул Хименез на додавање на Траоре погоди за 2:2. Во 89 минута Мат Доерти од соло акција предизвика делириум на трибините правејќи целосен пресврт, а во третата минута од судиското продолжение Стерлинг од слободен удар ја погоди стативата.

По затворањето на 19-то коло во англиската Премир лига, во водство е Ливерпул со 52 бода и меч помалку, втор е Лестер со 39 бодови, а трет е Манчестер Сити со 38 бодови. Четвртиот Челзи има дури 20 бодови помалку од водечкиот тим.