Сити сака да лапне Дрогба од пред носот на Челзи

За разлика од пред неколку часа, кога сите фудбалски медиуми на Островот беа убедени дека по пауза од неколку сезони, легендарниот напаѓач, Дидиер Дрогба повторно ќе го облече дресот на Челзи, сега најактуелна е информацијата дека Манчестер Сити се има вклучено во трката по неговиот потпис.

Единствената причина поради која, актуелниот шампион на Англија подготвува понуда за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска е тешката повреда која ја заработи шпанскиот интернационалец, Алваро Негредо, кој ќе мора да отсуствува од зелениот терен во следните три месеци.

Предводникот на “граѓаните”, Мануел Пелегрини е убеден дека Дрогба е идеално решение за проблемот со напаѓачката линија и е убеден дека Дрогба експресно ќе се вклопи во добро познатиот англиски амбиент.