Сити сигурен кај Кристал Палас, Ливерпул го сочува врвот на табелата

Фудбалерите на Луверпул во неделата на својот „Енфилд“ со 2:0 беа подобри во дербито на 34-то коло од англиското првенство, со што се вратија на врвот на Премиер лигата на кој еден час беше најголемиот ривал Манчестер Сити.

Головите за победниците ги постигнаа Садио Мане во 51 минута и Мохамед Салах две минути подоцна, во периодот кога „Редсите“ сосема го надиграа Челзи и испуштија можност уште некој пат да ја затресат мрежата на противникот. Потоа Челзи се врати во игра, создаде неколку одлични шанси, Еден Азар ја погоди и стативата, но резултатот не се промени до крајот. Сепак, Ливерпул заслужено стасаа до победата, бидејќи беа надмоќни особено во второто полувреме, откако кон противничкиот гол упатија 11 удари, додека гостите од Лондон имаа само три шута кон голот на домашните.

Ова беше 19-ти првенствен гол на Салах сезонава, со што го дели првото место со напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, а Мане ги следи со гол помалку.

Ливерпул ја продолжи серијата без пораз на 16 натпревари во сите натпреварувања, забележа 11 победи и пет ремија, а е седма последователна победа на четата на Јирген Клоп. Покрај тоа, ова беше првата победа на Ливерпул над Челзи по девет домашни натпревари, а лондонскиот клуб истовремено ја прекина својата серија од четири последователни победи.

Фудбалерите на Манчестер Сити со 3:1 (1:0) славеа на гостувањето кај Кристал Палас, постигнувајќи ја 27-та победа сезонава. Двоен стрелец за „Граѓаните“ беше Рахим Стерлинг во 15 и 63 минута, а трите бода ги потврди Габриел Жезус во 90 минута, а за домашните стрелец беше Лука Миливојевиќ во 81 минута. Кристал Палас и покрај поразот остана на 13-то место со 39 бодови. 11 бодови повеќе од 18-от Кардиф кому му се заканува селење во понизок ранг.

Ливерпул повторно е на првото место на првенствената табела со 85 бодови од 34 натпревари, пред Манчестер Сити со два бода помалку но и меч помалку. Челзи е на четвртото место со 66 бодови.