Сити со нови случаи на коронавирусот

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити во средата објави за уште три случа на зараза со коронавирусот во неговите редови

Станува збор за резервниот голман 35-годишниот Скот Карсон, 18-годишниот играч од средниот ред Кол Палмер и еден член од стручниот штаб.

Од претходно со коронавирусот се заразени првиот голман на тимот Едерсон, бековите Кајл Вокер и Ерик Гарсија, како и напаѓачите Габриел Жезус и Феран Торес.

Во полифиналето од Лига купот против градскиот ривал Манчестер Јунајтед кој на распоредот е во среда навечер во 20,45 часот, тренерот Пеп Гвардиола нема да може да смета и на повредениот стопер Америк Лапорт.

Во вторникот фудбалерите на Тотенхем изборија пласман во финалето на Лига купот откако во полуфиналниот дуел на својот стадион го победија второлигашот Брентфорд со 2:0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.