Сити убедливо во обидот за детронизирање на Ливерпул

Во дербито од 23-то коло на англиската Премиер лига моментално водечкиот тим Манчестер Сити како гостин со 4:1 го совлада антеулениот шампион Ливерпул.

Во првото полувреме немаше погодоци иако манчестерските „Граѓани“ во 37 минута имаа пенал кога Фабињо го собори Рахим Стерлинг во шеснаесетникот, но Илкај Гундоган ја испрати топката над пречката.

Германскиот репрезентативец за ова промашување се извади во второто полувреме кога постигна два погодока, првиот за 1:0 во 49 минута кога во топката во мрежата ја спроведе откако домашниот голман Алисон го одбрани ударот на Фил Фоден, а вториот во 2:1 за 73 минута по асистенција на Фоден. Во меѓувреме погоди Мохамед Салах во 63 минута од пеналот кој го направи Рубен Дијас, а кој беше првиот погодок на Ловерпул на неговиот „Енфилд“ дури по 411 минити.

Трагичар во тимот на Ливерпул беше голманот Алисон, кој со две лоши дегажирања беше директен виновник за вториот и третиот гол на Сити. Првиот пат во 73 минута сакаше да ја исфрли топката во аут, но до неа дојде до Фоден кој потоа се проби по десната страна и додаде до Гиндоган. Само три минути подоцна голманот на „Црвените“ практично му ја додаде топката на Бернардо Силва во својот шеснаесетник, следеше нафрлување за Стерлинг кој од половина метар погоди за 3:1. Конечниот резултат го постави со силен удар под самата пречка Фоден во 83 минута.

Илкај Гундоган во 2021 година веќе постигна 7 погодоци, а во тековната сезона во Премиер лигата постигна вкупно 9 головои, и е најдобар стрелец на Сити засега во сезоната 2020/21. Стерлинг пак со денешниот погодок стана третиот играч кој под водство на Пеп Гвардиола постигнал над 100 голови, зад Лионел Меси во Барселона со 211 и соиграчот Серхио Агуеро со 120 голови.

Манчестер Сити ја оствари десеттата последователна победа во Премиер лигата, кој последен пат не успеа да победи на прволигашки меч на 15-ти декември кога ремизираше со 1:1 со Вест Бромвич Албион, а последниот пат Сити беше поразен на 21-ви ноември со 0:2 од Тотенхем.

Со десеттата победа во Премиер лигата, Манчестер Сити стаса до 50 бодови, пет повеќе со натпревар помалку од второпласираниот градски ривал Манчестер Јунајтед, а седум повеќе исто така со меч помалку од третопласираниот Лестер Сити. Четвртиот Ливерпул има 40 бодови.

 

Лестер Сити претходно без голови одигра на гостувањето кај Вулверхемптон, кој со овој бод има вкупно 27 бодови со кои е на 14-то место.

 

Тотенхем ја прекина низата од три пораза со домашната победа од 2:0 над Вест Бромвич Албион, до која стаса со погодоците на тандемот Хари Кејн во 54 и Сон Хуенг-мин во 58 минута.

Седмиот Тотенхем сега има 36 бодови и еден натпревар за доигрување, а ВБА е претпоследен 19-ти со 12 бодови.

 

Во последниот дуел од неделната програма, Челзи забележа победа од 2:1 на гостувањето кај „фенерџијата“ Шефилд Јунајтед.

Челзи поведе кон крајот на првото полувреме, кога во 43 минута Тимо Вернер со одлична повратна топка го проигра стрелецот Мејсон Моунт. Шефилд израмни на почетокот до вториот дел во 54 минута по комичното недоразбирање меѓу стрелецот на автоголот Антониот Ридгер и голманот на лондонците Медин. Сепак, нарбзо веќе во 58 минута Вернер пресече лошо вреќање на топката кон домашниот голман Ремсдејл кој мораше да со го собори во својот шеснаесетник, а сигурен реализатор на пеналот беше Жоргињо.

Петтиот Челзи сега има 39 бодови, како и шестиот Весте Хем Јунајтед, а само бод помалку од четвртиот Ливерпул. Шефилф Јунјатед остана последни со 11 бодови, еден помалку од 19-от Вест Бромвич Алнион, а 12 помалку од 17-от Барнли кој го држи последното место кое обезбедува опстанок во Премиер лигата.