Сити, Јунајтед и Лестер во полуфиналето на англискиот Лига куп

По Астон Вила, пласман во полифиналето од англискиот фудбалски Лига куп изборија и манчестерските клубови Сити и Јунајтед, и моментално второпласираната екипа во Премиер лигата – Лестер Сити.

Манчестер Сити, кој го брани трофејот во ова натпреварување, на гостувањето го победи третолигашот Окфсорд Јунајтед со 3:2, додека на „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед со 3:0 беше подобар од четвртолигашто Колчестер Јунајтед. Лестер со подобро изведвуање на пеналите, откако мечот заврши без победник 2:2, го елиминираше Евертон.

Головите за „Граѓаните“ ги постигнаа Жоао Консело во 22 и Рахим Стерлигн во 50 и 70 минута,к додека за домашните во 46 минута стрелц беше Мет Тејлор.

„Црвените ѓаволи“, пак, дури во продолжението го победија тимот од четвртата дивизија, а сите три погодока ги постигнаа во интервал од 10 минути. Стрелци беа Маркус Рапфорд во 51, по пет минути автогол постигна Рајан Џексон а во 61 минута конечниот резултат го постави Ентони Мартиал.

Во најинтересниот дуел во средата Лестер за малку ќе беше елиминиран по водството од 2:0 против Евертон. Гостите поведоа преку Џемјс Медисон во 26 минута а само три минути подоцна удвои Џонатан Ивенс. Евертон намали во 70 минута со голот на Том Дејвси, а лудилот на „Гудисон Парк“ го предизвика Лејтон Бејнес израмнувајќи во судиското продолжение. Но при изведувањето на ударите од белата точка гостите беа поусшешни и славеа со 4:2. Кај Евертон не успеаја да погодат Тосун и Бејнес, а кај гостите Медисон.

Во вторникот Астон Вила го потопи Ливерпул со 5:0, но европскиот шампион настапи со најмладиот прв состав во својата 127-годишна клупска историја, бидејќи првиот тим отпатува во Катар каде што со победата од 2:1 над мексикански Монтереј во средата се пласираше во финелето на Светското клупско првенство. Просекот на екипата во Ливепрул која истрча на „Вила Парк“ бепе 19 години и 182 дена.

Жрепката за полуфиналето од Лига или Карабао купот ги спои ривалите од Манчестер, Јунајтед и Сити, а во второто полуфинале ќе играат Астон Вила и Лестер.

Полуфиналето од Лига купот на Англија се игра во два натпревара за разлика од дуелите пред оваа фаза. Првите мечеви ќе се играат на 6-ти јануари, а реваншите се на 27-ми јануари. Финалниот дуел е закажан за 1-ви март на лондонски „Вембли“.