Почетокот на дуелот не навестуваше позитивен исход за „граѓаните“ откако Рос Баркли донесе водство за Евертон од 1:0 во 18.минута.
Шест минути подоцна Фернандињо изедначи на 1:1. Кевин Де Бруин откако влезе во 66.минута во 70.та донесе водство за Манчестер Сити, а најдобриот играч на дуелот Серхио Кун Агуеро во 76.минута ги постави конечните 3:1.
Финалето Ливерпул – Манчестер Сити се игра на 28 февруари на „Вембли“ во Лондон.