Ситуацијата во валандовско е алармантна-зелката се откупува 4 денари, а производната цена е 10 денари, посочува Трипуновски

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше средба  со земјоделците од Балинци, Валандово, и околните места,при што каде што разговараа за актуелната состојба со откупот на зимксата зелка.

„Ситуацијата е повеќе од алармантна, бидејќи зелката се откупува по мизерни 4 денари за килограм, а самата производна цена е 10 денари. Ланските субвенции за градинарство не им се исплатени. Се пожалија и за новиот модел на субвенционирање, па така идната година ќе имаат дополнителен проблем во пласманот на овој производ, нема да можат да ја достигнат онаа минимална количина со која власта ги условува за да ги земат останатите средства од субвенциите.
Ги повикувам Ковачевски и Николовски да излезат на терен, да ги слушнат маките на земјоделците и да најдат решение“, изјави Трипуновски.