Ситуацијата во Европа станува алармантна со ковид пандемијата

(AP Photo/John Minchillo)

Во Европа станува алармантна ситуацијата со ковид пандемијата. Во повеќе земји се забележани рекордни дневни бројки на заразени од почетокот на пандемијата. Чешка забележала 5.335, а Германија над 4.058 случаи. На листата се и Франција, Словенија, Словачка и Полска. Францускиот претседател најави дека ќе има нови ограничувања во повеќе градови, а германските власти веќе наредија кратење на работно време на ноќните клубови, кафулиња и ресторани во Берлин. Од нашите соседи, Бугарија објави рекордно зголемување на заболени за еден ден. Бројката се искчаи на 437.

Пандемијата со корона вирусот беше во фокусот на синоќешната ТВ дебата меѓу кандидатите за потпретседател во САД, републиканецот Мајк Пенс и демократката Камила Харис. Харис остро го криткиваше начинот на кој администрацијата на Трамп се справува со пандемијата.

– Американскиот народ е сведок на најголемиот неуспех на која било претседателска администрација во историјата на нашата земја. Пандемијата однесе повеќе од 211 000 животи во САД и зарази повеќе од 7,5 милиони луѓе. Исто така, предизвика нагло зголемување на невработеноста поради затворање на деловни активности и ограничувања насочени кон контрола на ширењето на вирусот, истакнува Харис.

– Сакам американскиот народ да знае дека од првиот ден претседателот Доналд Трамп го стави здравјето на Америка на прво место, додаде Пенс.

Пенс и Харис во просторијата беа на околу 4 метри одалеченост и зад штитови од плексиглас. Дебатата помина мирно и цивилизирано е оценката на политичките аналитичари. До претседателските избори има уште 26 дена, а анкетите покажуваат дека Трамп заостанува зад Бајден. Втората дебата помеѓу претседателските кандидати е закажана за 15 октомври и ќе се одржи виртуелно, формат кој не му се допаѓа на Трамп. Американскиот претседател рече дека нема да учествува во ваква дебата.

Доколку не се случи меѓусебно признавање на Косово и Србија, ќе останат само „две соседни независни држави кои не се познаваат едни со други “. Ова го изјави косовскиот премиер, по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Постигнатиот договор за нормализирање на економските односи е голем чекор кон конечен договор, но целосна нормализација во односите може да се постигне само преку меѓусебно признавање додаде Хоти.