Сјајот на Виена во октомври

Во октомври, Виена ги доживува последните пријатни денови од годината, со просечни температури околу 14 степени, што го прави овој месец идеален за посета на градот на културата.

Градот на замоците, градот на културата, градот кој крие многу остатоци од некогашната империја којашто опфаќала добар дел од европскиот континент.

Виена е прекрасен град која има да им понуди многу на сите свои посетители. Почнувајќи од прошетките по улиците, преку јадењето на уникатната улична храна, сѐ до посетите на музеите, замоците и бројните споменици што сведочат за долгите векови бурна историја…

Октомври е идеален месец за посета на главниот град на Австрија, поради прекрасните временски услови, живите бои и целата атмосфера што владее во градот пред подготовките за зимата.

Iguana-Tours

Наскоро очекувајте уште многу скриени детали и приказни од Виена, вклучувајќи го и гроздоберот во Баден; но и нашата одлична понуда за наредниот месец.