СЈО и СДСМ водат политички процес против ВМРО: За сите мерки на претпазливост освен за функционерите на ДУИ

мандатот

Дека се води строг политички, а не правен процес против членовите и поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ, се докажува и низ фактот што досега Основниот суд изрече мерки за претпазливост одземање на пасошите за сите случаи за кој одлучуваше до сега, освен за функционерите на ДУИ, пратеникот Ејуп Алими и функционерот на ДУИ во ДИК, Исмет Гури.

Ваквата селективност покажува дека судот потклекнува на притисоците кои ги прави СДСМ и СЈО.

Упатените прашуваат како е можно до сега да се изречат мерки за претпазливост на сите функционери кои се од редовите на ВМРО ДПМНЕ, а да нема никаква мерка за единствените двајца кои се од ДУИ. Ова значи дека јасната цел на селективната правда е само ВМРО ДПМНЕ. Очигледно СДСМ не сака да си ги расипе односите со ДУИ, за да не го изгуби парламентарнотомнозинство и на тој начин да ја загорози коалицијата. Досега од пет случаи за кои судот одлучувал, за 4 има изречено мерки на претпазливост, а за петтиот каде има функционери на ДУИ нема никакви мерки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.