СЈО не бара притвор за Кочан, доволна е гаранцијата дека нема да побегне

Специјалното јавно обвинителство нема да бара притвор за бизнисменот Сеад Кочан, откако денеска му беше досудена затворска казна од шест години истакна обвинителот Гаврил Бубевски.

По однос на изрекување мерка притвор за Сеад Кочан до правосилност на пресудата,  мерката притвор не е задолжителна, а Кочан доставил гаранција претходно дека нема да се даде во бегство, додаде Бубевски.

На денешното судско рочиште Кочан доби шест години затвор, а сопственикот на Силекс Неметали, Василие Авировиќ доби три години затворска казна.