СЈО заминува во историјата, договориле лично Мицкоски и Заев

3874

Средба на највисоко ниво, помеѓу власта и опозицијата, поточно помеѓу работните групи дополнети со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев, се случила вчеравечер, дознава НетПрес од партиски извори.

Предмет на разговор била иднината на Специјаланото јавно обвинителство (СЈО) и новите измени на Законот за обвинителство. Од извори во партиите НетПрес дознава дека бил направен исчекор во однос на некои барања на опозицијата, но дека останува време и уште работа да се дојде до конечно решение.

Заклучено било дека СЈО нема да продолжи да функционира во оваа форма како досега, но и дека начелно е договорено опозицијата да предложи нов Јавен обвинител. Останало да се договори временска рамка во која тоа ќе се реализира. Јавен обвинител предложен од опозицијата е барање на опозицијата со кое се сака да се гарантира дополнителна непристрасност во процесите кои се одвиваат за докажување на правдата.

Мицкоски цврсто останал на начелата кои претходно беа соопштени во јавноста, а кои треба да гарантираат непристрасност во работата на обвинителството, почитување на меѓународните регулативи, и одбегнување на можноста за партиски и политички злоупотреби на обвинителскиот механизам. Тој на средбата ја повторил позицијата дека постојното СЈО не е во состојба да испорача правда. Заев и покрај тврдата реторика која ја кажува во јавоста бил подготвен да разговара за барањата на опозицијата. Разговорите меѓу групите продолжуваат .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.