Македонија

Скандал: Алаѓозовски дал пари за концерт на бенд кој воопшто не знае дека ќе има концерт

Скандал: Алаѓозовски дал пари за концерт на бенд кој воопшто не знае дека ќе има концерт

Распределбата на средствата за културата за 2018 година предизвика низа на реакции. Сега министерот Роберт Алаѓозовски и министерството за култура се во центарот на вниманието по скандалот дека се одобрени пари за Бернис Пропаганда, односно за нивен концерт за 27 април, за кој тие самите не знаат. Е за ова разбра и цел регион.

Имено за  концерт на македонската група Бернис Пропаганда се одобрени средства во износ од 276 илјади денари. Скандалот е во тоа што популарниот бенд воопшто не побарал ниту пари од министерството за проект, ниту пак побарал да настапува. Сумата е  помала од онаа доделена на малиот Виган која беше во висина од 300 илјади денари, сепак сомнежот за можна малверзација во случајот е голем.

Постои сомневање дека станува збор за измама и проневера на средства, од страна на непознати лица во министерството кои го искористиле познатото име на бендот за да  стекнат сума од буџетот на министерството.

За добивање на пари за проект пак потребно е лично членови на бендот да го сторат тоа. Во овој случај ниту еден од членовите ниту побарал пари од министерството за проект, ниту биле запознаени дека токму на 27 април  годинава ќе настапуваат на концерт заедно со Македонската филхармонија.

За случајот реагираше и еден од членовите на бендот, гитаристот Васко Атанасоски. Тој тврди дека ниеден член на бендот не побарал пари од министерството, па повеќе од очигледно е дека бендот разоткрил случај на класичен криминал во државните институции.

Васко Атанасовски реагираше на својот Фејсбук профил.

– Едно прашање за милион денари, може? Кога Македонската филхармонија ќе им се јави да им објасни на Бернис Пропаганда и на властите како тоа аплицирале во министерство за култура и добиле 270.000 денари за концерт на 27 април, а за сето тоа бендот ништо да не знае и ништо никогаш и никој од нив да не потпишал? Кој потпишал? Кој закон е прекршен со тоа? Алоооо, Специјално јавно обвинителство, алоооооо Влада на Република Македонија…ќе не заштити ли некој? Не има во енциклопедија на поранешна СФРЈ, а никој од нас нема ни 40, срамота е пред светот вака да се брукаме!!!’’, пишува Артанасовски.