СКАНДАЛ: Директорот на ЈП „Водовод“ не дозволува да се одржат седниците на Надзорниот и Управниот одбор, обезбедувањето присилно и физички ги спречува членовите!

Денеска во ЈП Водовод и канализација – Скопје, по налог на директорот, Драган Илиевски физички ги спречил членовите на УО на претпријатието, да одржат седница, која била навремено закажана и бил известен директорот за истата, при што била повикана и полиција, од страна на Претседателот на УО, пишува Курир.мк.

Директорот на скопски Водовод, Илиевски веќе вторпат не му дозволува на УО, да ги одржуваат седниците во салата за состаноци, каде тие се одржуваат со години, односно од отварањето на новата управна зграда.

Денеска, исто така претходно, и членовите на Надзорниот одбор биле спречени, да ја користат салата, па седницата ја одржале во ходниците на управната зграда на Водовод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.