СКАНДАЛ: Економскиот факултет во Прилеп го исфрла предметот Статистика како незадолжителен

574

Пишува: Ѓорѓи Илиевски (Виш просветен инспектор)

Во рамките на Битолскиот универзитет „ Свети Климент Охридски“- е единицата Економски факултет-Прилеп.  Деновиве не стивнуваат реакциите на наставниот кадар на Економскиот факултет во Прилеп,  и загриженоста на идните студенти. Идните студенти  се прашуваат: Дали треба да се запишат на овој факултет?? Затоа што раководството на овој факултет предвидуваат да ги реакредитираат студиските програми за академската 2021/2022 година, за додипломски студии (прв циклус на студии) каде што наставниот предмет Статистика да биде изборен на некои студиски програми, наместо како до сега  задолжителен предмет.

За ваквиот непромислен чекор на раководството на Економскиот факултет-Прилеп,  подршка им  даваат и првите луѓе на Битолскиот универзитет“ Свети Климент Охридски“.

Имено, на последната седница на Наставно-научниот совет на факултетот, под раководство на деканот на факултетот се носат измени на студиските програми за реакредитација каде што  од  студиските програми кои ги има 6 (шест) на Економскиот факултет-Прилеп и тоа: Банкарство и финансии, Е-Бизнис, Маркетинг, Меѓународен Бизнис, Менаџмент и Сметководаство и ревизија, од овие студиски програми се предвидува студиските програми:Банкарство и финансии, Меѓународен бизнис и Сметководаство и ревизија предметот Статистика за економисти да биде изборен.

Со ваквите непромислени потези на раководството на факултетот им ја скратуваат перспективата на идните студенти на овој Економски факултет кој што има долга економска традиција. Со право е реакцијата на економските експерти, академската економска фела, како и Бизнис секторот дека без задолжително знаење од економската статистика и математика ја нема основата и смислата на студирање за Економијата. Како што велат експертите, тоа е исто да на Медицинскиот факултет наставниот предмет Анатомија, Физиологија, Биологија…  биде изборен. Лудорија??. Статистиката  е светски тренд и развој на секоја бизнис заедница и за потребите на пазарот на трудот. Се прашуваат економските експерти и професори, без Статистика какви научни економски истражувања ќе се прават на прв, втор или трет циклус на студии, ако не се знае основата од економската статистика или математика, која е основа  на Економијата и Бизнисот, тогаш тој факултет е промашен и безперспективен??!. Како може на студиската програма Меѓународна економика да има задолжителен предмет Економетрија. Задолжителен економетрија без статистика??. Професори економисти, каде одите одговорите!!! Ова да им го објасните на студентите. Ова е непојмливо за оние кои се занимаваат со економија.

Како што истакнуваат професори од Економските факултети, предметот Статистика го има на повеќе други факултети кои не се Економски, како што е Факултетот за ветеринарна медицина предметот Биостатистика е задолжителен, согласно Европската директива, Државниот завод за статистика, сите поголеми Бизнис фирми. Сите овие имаат потреба од Статистика истражувања и слично. Во Европската унија сите Еуростат – статистики се задолжителни господа професори економисти!!.

Па господа од Битолскиот универзитет, како мислите да го вклучите  Бизнис-секторот само декларативно, практиката покажува сосема друго. НЕ! Така неможе. Бизнис – секторот бара европски и светски бизнис релации. Бизнис – секторот бара студенти кои ќе дадат свој прилог и придонес во економијата, бизнисот, а не елементарно непознавање на економските параметри која ги бара Европската унија.

Такви студенти без елементарно познавање не им требаат?! Затоа господа од Економскиот факултет-Прилеп и вие од Универзитетот за ова сте размислиле. Ако не треба да размислите. За ова треба да размисли и Сенатот на универзитетот во Битола.

Ќе биде исто така интересно, Дали Одборот за акредитација ќе ги реакредитира овие студиски програми без задолжителен предмет Статистика !!?

Нема ништо да ме изненади од Одборот за акредитација, како ќе настапат.

Се во интерес на идните студенти и нивната перспектива!!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.