Скандал го тресе Островото: Фудбалер обвинет за три силувања во еден ден

Францускиот фудбалер Вилијам Коколо, кој игра за екипата на Бартон Албион, е обвинет во последниот ден од август дека во еден ден извршил три силувања.

Сите три кривични дела наводно ги направил на подрачјето на Бирмингем на 13 февруари оваа година.

Фудбалерот се уште не се огласил, но од клубот излегоа со соопштение.

-Бартон Албион е потполно свесен за обвинувањата кои се покренати против еден од нашите играчи и клубот разговараше со него и неговите правни застапници. Бидејќи во тек е правен процес, клубот не е во можност да дава понатамошни коментари, се вели во соопштението.

Коколо инаку беше во младинските категории на Монако пред да премине и да игра за Сандерленд. Во зимскиот преоден рок годинава му се приклучи на Бартон.

На Островото во моментов се води случај против фудбалер на Манчестер Сити, Бенџамин Меди кој е обвинет за дури 8 силувања.