СКАНДАЛ: Камион што носел дипломатска пратка за МНР фатен со цигари и алкохол

Камион управуван од возач со македонски пасош бил запрен на влез во Италија од Словенија и при проверката било утврдено дека се шверцуваат цигари и алкохолни пијалаци, дознава МКД.мк.

-Нашиот извор вели дека возачот при рутинските гранични формалности покажал документи што потврдувале дека се превезува дипломатска пошта. Но се чини дека нешто не се совпаѓало во документацијата, па поради сомнеж бил активиран скенерот на граничниот премин и потоа бил извршен претрес, што вообичаено не се прави кога станува збор за дипломатска пошта. И, имало што да се види. Сличен случај имало и летово, пишува порталот.

Наместо дипломатска пошта (која може да значи од вистинска пошта и документи, па сѐ до опрема и мебел за амбасади, конзулати и станови на дипломати во странство или средства и опрема за реновирање), големо количество цигари и алкохолни пијалаци биле „покриени“ со дипломатски печати, пломби и документи.

-Според нашите извори, камионот тргнал од Скопје, а со акцизната стока бил натоварен во Србија. Преку Хрватска и Словенија стасал во Италија. Таму сомнежот дека не се работи само за дипломатска пошта паднал кога скенерот прикажал многу шишиња, несоодветно количество за една дипломатска пратка. Возачот е во притвор, а случајот таму се истражува. Македонското МНР бездруго е известено по дипломатски пат од италијанските власти, пишува МКД.МК.

По правило, граничните власти не ја отвораат дипломатската пошта, освен доколку немаат сериозен сомнеж.

ЦЕЛАТА ВЕСТ ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА МКД.МК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.