Наместо сервис на граѓаните, Заев и Спасовски го претворија МВР во сервис на СДСМ

Стојанче Ангелов призна дека тој и неговата сопруга влегле во Министерството за внатрешни работи со одлука на неговата партија давајќи потврда на информациите за брутална партизација на МВР и полицјата.

„Моето враќање во МВР се темели врз основа на одлука на централното собрание на политичката партија Достоинство, ние и понатаму ќе останеме активни со учество на изборите“, рече Стојанче Ангелов гостувајќи на Телевизија 24. Со ова, додаде тој, ќе го заокружиме постоењето на нашата партија.

Но, исто така, Ангелов всушност со оваа изјава само потврди дека партијата именувана Достоинство и нејзините две-три илјади гласачи само ја искористува за остварување на личните амбиции, заедно со неговата сопруга, односно за политичко пазарење.

Ангелов и во текот на кампањата за предвремените парламентарни избори од ланскиот 11-ти декември беше во постојан контакт со медиуми, „офицери за врска“ на Зоран Заев. Тогаш Стојанче кокетираше и опција беше да ја напушти во последен момент коалицијата со партиите на Љубчо Георгиевски и на Љубе Бошкоски, за кои СДСМ пресмета дека ќе му откинат одреден број гласачи.

Сега, во пресрет на локалните избори, Заев и неговата партија мора да сметаат на овие гласови кои им се неопходни по катастрофалните 100 дена од нивната Влада, одбележани покрај со лошите економски показатели и со лошиот договор со Бугарија на штета на македонските национални интереси, Законот за јазиците или попрецизно воведувањето на двојазичноста, бруталната партизација на државните институции, злоупотребите на функциите како во случаите на добивањето тендери на компанијата на вицепремиерот Кочо Анѓушев и започнувањето на багателното купување на македонските профитни фирми од страна на кланот Заеви и тн. Оттаму, СДСМ на функции од вториот и третиот ешалон поставува или тоа им го нуди на членови од најтесните раководства на партиите од споменатата „Коалицијата ВМРО за Македонија“.

За тоа дека брачниот пар Ангелови влегоа во МВР медиумите информираа кон крајот на август.

„Брачниот пар Ангелови започнаа со искористување на наградата која ја добија од СДС, затоа што изминатиот период се покажаа како послушни учесници во платеничката ‘револуција’. Имено, Стојанче Ангелов и неговата сопруга од денес се на платниот список на МВР. Неофицијално, едниот е ангажиран како советник на Оливер Спасовски, а сопругата како советничка на Магдалена Несторовска, инаку државен секретар во МВР која на тоа место беше назначена од местото советник во општина Карпош“, пишуваа медиумите.

Дополнително дека се врши само партизација, а дека не се работи во служба на граѓаните говори и фактот што за сто дена Влада, МВР не спроведе ниту една успешна акција. Нема ниту една реализација или уапсени дилери на дрога, оружје и слично.

Исто так и ВМРО-ДПМНЕ укажува постојано на бруталната партизација во министерството.

„Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски работи незаконски и спроведува партиска чистка. Ова што сега се прави во МВР е класичен контраудар на мафијата врз полицијата, одмазда за сите реализирани акции. Тоа што СДС го прави во моментов е брутална партизација на полицијата. Надвор од сите законски норми, надвор од сите реформи се реализира партиска чистка и поставување партиски послушници на сите раководни позиции“, рече неодамна на прес конференција Сашо Павлоски.

И од самиот отчет на Спасовски се гледа дека МВР не го прави тоа што треба. Тој наместо за акции говореше за нови вработувања набавка на комјутери, за формирање на нови единици и слично. На ова следеше реакција од ВМРО – ДПМНЕ.

„МВР е во хаос, а единствени кои се задоволни од неговото работење се криминалните банди низ Скопје и државата, кои излегоа од подземјето и почнаа да владеат со државата. Резултатот од неговото министерување е една голема нула. Министерот Спасовски не спроведе ниту една акција за откривање на дрога, трговија со нелегално оружје или шверц со луѓе. Министерот Спасовски во овие 100 дена не успеа да ги открие сторителите на вандалското уништување на православните гробишта во Љуботен. Министерот Спасовски не понесе одговорсност за случајот во Струмица кога полицајци пукаа и тешко ранија малолетни деца. Виновникот за крвавото убиство во кафуле во Струга, среде бел ден е сѐ уште на слобода“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ по пресот за отчетот на Спасовски, односно ова се само дел од работите со кои министерството не се справи.

Дека полицијата не си ја врши работата говори и истражувањето на Евробарометар објавено на 12-ти септември.

„Граѓаните на Македонија имаат најмала доверба во полицијата меѓу сите членки на ЕУ и државите кандидати за членство, покажува истражувањето на Евробарометар. Доверба во полицијата имаат 34 проценти од Македонците, додека 61 отсто не и веруваат, се вели во истражуањето на Евробарометар.