Скандал пред Мундијалот: Повик од кралското семејство, се бара забрана за продажба на алкохол, ФИФА во паника поради мултимилионскиот договор

Скандал пред почетокот на Мундијалот, кралското семејство бара целосна забрана за продажба на алкохол на стадионите за време на претстојниот шампионат. Светското првенство започнува за два дена (од 20 ноември до 18 декември), а сега се појавија нови информации кои можат да имаат големи последици и за ФИФА.

Според странските медиуми, се појавиле нови проблеми кои ќе ги разочараат сите оние кои планираат да дојдат и да ги бодрат своите репрезентации.

-Kатарското кралско семејство бара целосна забрана за продажба на алкохол на стадионите за време на Светското првенство. Ова ги шокираше луѓето во ФИФА кои сега се под голем притисок. Потпишан е мултимилионски договор со компанијата „Будвајзер“, се наведува во текстовите на светските медиуми.

„Бадвајзер“ е американска компанија за пиво и тие се еден од главните спонзори на Мундијалот. Познато е дека консумирањето и продажбата на алкохол е забрането во Катар, но поради Светското првенство направија одредени отстапки. Се чини дека дојде до пресврт и промена на мислењето непосредно пред почетокот на натпреварувањето. Кога станува збор за цените на пивото, една чаша ќе чини околу 600 денари, додека цената на водата ќе биде околу 150 денари.