Скандал пред погребот на кралицата – претседателот на Ерменија направи бизарна грешка од која се згрози цела Британија (ФОТО)

Претседателот на Ерменија, Вахан Хачатуријан го предизвика бесот на британската јавност, откако беше фотографиран пред ковчегот на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската сала.

Хачатуријан бил фотографиран од помошник како клекнал пред ковчегот обложен со знаме, а строгите правила забрануваат употреба на камери во внатрешноста на свечената палата, каде што се наоѓа ковчегот со покојната кралица, објавија многу британски медиуми.

Оние кои влегуваат во Големата сала за да и оддадат последна почит на Елизабета Втора, однапред се информирани за сите прописи.

Да потсетиме, Елизабета Втора почина во замокот Балморал во Шкотска на 8 септември на 96-годишна возраст, а владееше најдолго во британската историја – 70 години и седум месеци.

Новиот монарх стана нејзиниот син, 73-годишниот Чарлс, кој го зеде името Чарлс III.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.