Скандал: Претставници на власта се претставуваат како вмровци и повикуваат на гласање

Власта очајна бидејќи излезноста на референдумот е многу мала, започна да се јавува по граѓаните и ги повикува во име на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдумот и да гласаат против.

До редакцијата на Лидер стигна аудио од разговор помеѓу девојка која лажно се претставува дека е од ВМРО-ДПМНЕ и граѓанин.

Во снимката девојката го повикува граѓаниниот да излезе и да гласа против на референдумот, наводно така и кажале од партијата.

Инаку, ова претставува кршење на изборниот молк, агитирање со лажно претставување, што е кривично дело. Коментарите се дека Заев ги тера членовите на својата партија на кривично дело во очај поради малата излезност на референдумот.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.