СКАНДАЛ: СДСМ ги поттикнува граѓаните на кривично дело

СДСМ ги поттикнува граѓаните на кривично дело. Преку иницијативата што на партискиот портпарол Петре Шилегов како што самиот си кажа „му текнало“, прво се поттикнуваат граѓаните да уништуваат банкноти, а со самото тоа и да сторат кривично дело.

Според Кривичниот Законик на Република Македонија преиначувањето на вистински пари со намера истите да се пуштат во оптек или пуштањето во оптек на лажни пари се казнува со затворска казна во траење од една до десет години,

Инаку, портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, на својот профил на „Фејсбук“ објави нешто, што, како што самиот си кажа, му текнало – На секоја банкнота од 100 денари што ќе дојде кај луѓето да напишат „Збогум Никола“ и да ја пуштат во промет.

Во коментарите…