СКАНДАЛ: Владиката Наум отворил фирма за марихуана?! – Заеви му се партнери!

Монахињата на МПЦ, Сара, со родено презиме Еленова е еден од основачите на најновата компанија со лиценца за производство на марихуана, нејзин бизнис партнер е адвокатот на премиерот Зоран Заев, Ване Андреев од Струмица- открива Лидер.

Според информацијата монахињата важи за личност која е исклучително блиска со владиката од Струмица на МПЦ, господин Наум. Всушност, таа и е монахиња во манастир под негова контрола. Сара важела и за личен асистент на Наум.

Ова значи дека Заев преку својот адвокат и владиката Наум преку својата монахиња влегуваат во заеднички бизнис. Тоа нормално, не е по прв пат, вели изворот за порталот, кој доаѓа од Македонската Православна Црква и веќе подолго време е во конфликт со владиката Наум.

Вчера, Економски Лидер објави дека уште една компанија за производство на марихуана добива семејниот картел на премиерот Зоран Заев. Деновиве, беше формирана нова компанија, со назив „Канабис ОНЕ Доо Струмица“, во која како еден од сопствениците се јавува лице, тесно поврзано со премиерот Зоран Заев…

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА