СКАНДАЛ: Во анкета на основци од Битола им се поставувале сексуални прашања

Шокантни прашања во анкета за деца кои посетуваат основно училиште во Битола, од типот: Дали сте сликале сцена со сексуална содржина во соблекувална или тоалет и дали сте ја објавиле на интернет?; Дали сте имале сексуални односи со лица постари од вас?; Колку заработуваат твоите родители?, Дали твоите родители се алкохоличари, објави телевизија 24.

Ова за телевизијата го тврди претседателката на Советот на родители од основното училиште „Климент Охридски“ во Битола. Таа вели дека на родителите претходно им била побарана согласност за анкетата, но таа била претставена како прашалник за насилство во училиштата. Откако дел од учениците им ги кажале прашањата, родителите побарале увид во анкетите, но училиштето ги одбило.

Според родителите, ваквите прашања се несоодветни за деца на таа возраст. Од училиштето пак потврдуваат дека била спроведена анкета за врсничкото насилство, но демантираат дека во анкетата биле  користени прашања за сексуални активности со возрасни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.