Скандал во cyдница: Претседателот на cyдот барал 50 илјади евра од Боки 13 за „Меѓународен сојуз“

Вистинска драма утринава се случуваше во судницата во Кривичниот суд на рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз“ каде меѓу првообвинетите е Бојан Јовановски попознат како Боки 13, пишува Инфомакс.мк.

Тој повеќе пати инсистира на записник во судот да биде запишано неговото барање за изземање на судијката која го води случајот, на претседателот на судот Иван Џолев, но и на обвинителот поради докази како што вели Јовановски кои лично ги поседува.

-Се работи за процесн предлог, предлог за изземање соогласно одредбите од Законот за кривична постапка. Предлогот го истакнувам на записник. Неколку изземања. Ваше изземање, изземање на претседателот на судот, изземање на јавниот обвинител, вели Јовановски.

Откако судијката не дозволи барањето да биде со доставено со записник од рочиштето и му посочи писмено да се обрати Јовановски истакна дека таа ги крши неговите загарантирани права и се става над законот, а причината за тоа Јовановски ја гледа во фактот што претседателот на судот Џолев му побарал мито од 50 илјади евра за предметот Меѓународен сојуз.

-Нема да доставам писмено бидејќи вие ги кршите моите загарантирани права и ставате над законот поради тоа што јас инсистирам на записник да ги изнесам барањата за изземања поради тоа што доколку вие не сакате да слушнете кои се новите околности јас знам однапред каква ќе биде одлуката како што веќе самите споменавте за претходните мои барања, но знаете зошто не дозволувате? Затоа што доказот и околностите е поврзана со Иван Џолев и барањето за 50 илјади евра мито и корупција за овој предмет за кој што судите, истакна Јовановски.

Претходно Јовановски тврдеше дека премиерот Зоран Заев нарачувал пресуди преку претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев. Боки 13 кажал и дека поседувал и докази во неговиот телефон на каков начин бил избран Џолев, па врз основа на тоа побара и негово изземање.

Неодамна судскиот совет одлучи дека досегашниот прв човек на Кривичниот суд Скопје, Иван Џолев ја продолжува функцијата, но како негов в.д претседател.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.