Скандал во Хаг: Полумртов Шешељ го изнесувале низ прозорец!

Тешко болниот Воислав Шешељ, лидр на српската радикална партија во една прилика холандските лекари го изнесувале низ прозорец зошто неговиот кревет не можел да помине низ врата, откриваат радикалите.

Тие тврдат дека Шешељ би имал повеќе шанси да се избори со штотуку дијагностицираниот рак на црниот дроб доколку во Хашкиот трибунал не ги игнорираа неговите здравствени проблеми.

Според нив Шешељ пред неколку месеци побарал преглед но притоа само е констатирале покачена телесна температура и му рекле дека тоа е потполно нормално за Холандија(?!).

И обвинетиот Горан Хаџиќ доживеал срцев удар во затворот во Хаг, при што го повредил рамото. На здравеествени проблеми се желеа и обвинетите за воени злосторства Караџиќ и Младиќ.

Да потсетиме дека поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ почина во затворот во Шевенинген откако беа игнорирани неговите здравствени проблеми, а судскиот процес против него се уште не беше завршен.