Скандал во Министерство за одбрана: Шекеринска незаконски поделила чинови на штотуку примени војници

„Нов скандал во Министерство за обрана: Шеќеринска незаконски подели чинови на штотуку примени војници. Беззаконието и партизацијата во Министерството за одбрана продолжува. На 11 Септември Министерката за одбрана Радмила Шекеринска им подели договори за вработување на 70 новопримени војници и веднаш ги унапреди во чин разводник“, стои во Фејсбук статусот на Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој тврди дека станува збор за незаконски унапредувања затоа што за да војник биде унапреден во чин разводник мора да помине минимум една година на служба во АРМ.

-Ова не е прв случај Шекеринска да се замеша во струката која не ја разбира и да дели чинови како што тоа на времето го правеше Љубе Бошковски во МВР. Приемот на војниците од страна на Шеќеринска е врз основа на распишан оглас непосредно пред изборите, пишува Сајкоски.

Тој прашува зошто на овие незаконски унапредувања на војниците кои немаат поминато ни основна војничка обука нема реакција од командантот во чиј состав се војниците, како и од Генералштабот за заштита на професијата од страна на партиското самоволие на Шекеринска.