Скандалозен тендер во Министерството за одбрана: Шеќеринска нарачала торти и колачи од 3.700.000 денари

Не само за бадеми и ореви, виски и морски плодови, Шеќеринска била љубител и на благи работи. Торти и свежи колачи поточно, па направила нарачка, од ни помалку ни повеќе – торти и колачи во вредност од неверојатни 3 милиони 700 илјади денари, пишува порталот Инфомакс.

Повеќе од 60.000 евра е вредноста на најновиот тендер на Министерството на одбрана, парафиран од министерката Радмила Шеќеринска, но не за потребите на војската во смисла на вооружување, униформи или пак квалитетна храна за војниците.

Се работи за тендер за набавка на колачиња и торти кои треба да се поделат во МО, но и во неколку касарни низ земјата.

Шеќеринска е позната по бескрупулозното трошење на народни пари кога станува збор за нејзиниот комодитет, па така по стапувањето на функција првиот тендер на МО беше оној за набавка на морски плодови, а неколку дена подоцна и за апетисани (бадеми, ореви, лешници), пишува Инфомакс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.