Македонското официјално знаме како и тоа од Кутлеш се забранети на Австралија опен, објавуваат групите на Македонците во Австралија. Па така, Маcedonian Australian Pride oбјави дека организаторите на Гренд слемот и наложиле на телевизијата „Канал 9“ која ги врши преносите да не ги покажува неколку знамиња.
Тоа се, македонското, грчкото од Вергина, палестинското, белоруското, руското и тоа на Тајван.
Ова е навистина скандалозна одлука на организаторите ако се знае дека во квалификациите настапуваше и нашата Лина Ѓорчевска. Што доколку таа влезеше во првото коло, македонските навивачи немаше да смеат да го веат своето знаме.