Скандалозно: Заев и Филипче летаа за Прилеп на државна сметка на промоција, а хеликоптер не полета за 310-те жртви од короната

Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање потврди дека денес летал со хелихоптер, заедно со министерот Венко Филипче до Прилеп и сето тоа на државна сметка за некоја промоција.

Ова е голем скандал, бидејќи одат на промоција, а не по некоја итна државничка работа. Или, расипништво на сметка на народот, во моменти кога многу луѓе се борат за живот, а вакцини нема или нешто што пристигнаа сега, но животи згаснуваа. А, можеби на многу од нив им требаше брз превоз до болница, но тоа не им беше удоволено, поради што и згаснаа нивните животи.

Однесувањето во стилот „што ми е гајле за рајата, ние сме власта и ни се може“ го покажаа и претходно со возеењето скапи мотори кога умираа луѓе. Други, пак, многу се измориле и побрзаа да летнат по Дубаи и Мексико. А што да кажат докторите кои не изглегле цела година од болничките сали и соби,  притоа гледаат како многу луѓе го напуштаат овоземскиот свет со многу лични и сјемени драматични моменти. Зарем тие не се изморени, и физички и психички?!

Значи, овие другите се измориле од како да зарботат на сметка на држвата, од народот, додека оние што спасуваат животи и се жртвуваат, не се изморени.

Денес отридовте во Прилеп за некоја промоција, каде што има 310 луѓе починати од коронавирусот, за ниту еден од нив не полетал хелихолтер.

Занете ли за срам!?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.