Скапата струја ги исфрли од рестораните во Австрија традиционалните јадења

Поради зголемените трошоци за енергија, како и поскапувањето на храната, сѐ повеќе ресторани откажуваат некои јадења од својата понуда. Имено, има сѐ повеќе ресторани кои со отстранување на одредени јадења од менито се обидуваат да избегнат зголемување на цената во нивната понуда, бидејќи знаат дека ако премногу ги покачат цените, би изгубиле гости, па затоа е подобро да не да понудат нешто, отколку да го направат тоа по драстично повисока цена.

Така, главниот ресторан во Австрија ги откажа пржените јадења од дневното мени, како и традиционалната виенска шницла. Семејниот ресторан „Риглер“ од Брук ан дер Мур објави дека ги укинува сите панирани јадења од дневното мени, бидејќи не сака да ги покачи цените, пренесува јавниот сервис ОРФ.

Сопственикот на ресторанот Ханес Пирчер Риглер вели дека не сака да штеди на квалитетот. „Се обидуваме да соработуваме со регионалните добавувачи. Месото доаѓа од регионот, маслото исто така. За нас е важно парите да останат во регионот“, додаде тој.

Риглер истакнува дека менито кое вклучува супа, главно јадење и салата чини 9,10 евра, пренесува Танјуг. Тој посочи дека од менито нема да бидат отстранети винерските шницли или панираните пилешки, а секој што не го сака менито може да побара винерска шницла чија цена е зголемена од 11,90 на 12,20 евра.

Во Виена, познатиот ресторан Коларик, поради поскапување, овој месец од менито го избриша традиционалното јадење – печена гуска. Имено, октомври е времето кога Австријците традиционално јадат гуска со црвена зелка.

„Драстично се зголеми цената на биогуската. На тоа мора да се додадат трошоците за енергија и персонал“, објасни Пол Коларик, сопственик на ресторан во виенски Пратер.

Клаус Фридел, портпарол на Селтпра кетеринг во Стопанската комора на Штаерска, вели дека цените на маслата и на мастите годинава се тројно зголемени.

Покрај проблемот со недостигот на кадар и претстојните преговори за плата, на крајот на декември повторно ќе се зголемат трошоците за струја, бидејќи истекуваат старите договори, предупредува Фридл.