Скапоцено „ферари“ украдено во текот на пробно возење

93

Опуртунистички „колекционер“ на олдтајмери го искористил пробното возење на модел на престижната автомобилска марка „Ferarri“ кој чини повеќе од два милиона долари.

Осомничениот рекол дека е заинтересиран за купување на автомобилот „Ferrari 288 GTO“ од 1985 година, рекле во полицијата во Диселдорф, пренесува BBC.

Во автосалонот дошол со такси возило и два часа подоцна, во текот на пробното возење, се случила замена на возачите. Но кога продавачот го запрел автомобилот, купувачот седнал зад управувачот, нагазил на педалата за гас и побегнал. Скапоценото „ферари“ е пронајдено два часа подоцна во една гаража.

Од полицијата рекле дека „историскиот примерок“ кој минал 43.000 километри, чини повеќе од два милиона американски долари. На интернет страницата на автосалонот е наведено дека некогаш му припаѓал на поранешниот пилот во Формула 1, Еди Ирвин, кој возеше за тимот на „Ferrari“ од 1996 до 1999 година.

За среќа на полицијата, забележливиот автомобил со препознатливата црвена боја „Rosso Corsa“ го привлекол вниманието на многу случајни минувачи, па лесно бил пронајден во вторникот вечерта. Бил сокриен во гаража во градот Гревенброх, недалеку од Диселдорф.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.