Скарлет Јохансон e најплатена актерка во светот

Скарлет Јохансон, втора година по ред е на врвот на листата на списанието „Forbes“ за најплатена актерка.

Поточно, 34-годишната актерка има годишна плата од 56 милиони долари. Таа заработи 15,5 милиони долари повеќе отколку во 2018 година, во голем дел благодарение на успехот на филмот „Avengers: Endgame”.

Актерката, Софија Вергара, е единствената жена покрај Јохансон која се проби на првите десет позиции на најплатените луѓе во филмската индустрија.

Претходно оваа недела, Двејн Џонсон беше прогласен за најплатен актер во последните 12 месеци, заработувајќи 89,4 милиони долари, според најновиот годишен ранг на финансиските експерти.

Значајно е дека сите десет најплатени актерки остварија повеќе од 20 милиони американски долари оваа година, за разлика од минатата година кога само две лица, Скарлет Јохансон и Анџелина Џоли, ја заработија оваа сума, јавува BBC.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.