Скелетот на еден од најголемите тираносауруси оди на аукција

Британската аукциска куќа Christie’s планира на почетокот од октомври да го понуди на наддавање скелетот на еден од најголемите познати примероци на тираносаурус.

Како што објавија од Christie’s, скелетот на гигантот од родот Tyrannosaurus rex познат како „Стен“, е стар околу 67 милиони години а е откриен во 1987 година во Јужна Дакота. Го открил палеонтологот аматер Стен Сакрисон.

„Им ги покажал тогаш на научниците кои погрешно го идентификувале како трицератопс“, вели шефот на одделот за наука и прородонаучна историја на аукциската куќа, Џејмс Хислоп.

Трицератопсите е релативно чести во палеонтолошкиот свет, па коските тогаш не привлекле многу внимание сѐ додека Сакрисон во 1992 година не ги однел во институтот „Блек Хилс“ во Јужна Дакота.

„Научниците доста брзо утврдиле дека во рацете имаат нешто многу посебно“, вели Хислоп.

Тие го прекатегоризирале „Стен“ во Ти-рекс и започнале да трагаат по другите коски. Откриле 188 од околу 300 коски колку штео се верува дека ги имале тираносаурусите, додава Хислоп.

„Стен“ е долг 12 метри и висок е четири метри, и ќе биде изложен во Њујорк. Научниците откриле два споени вратни пршлена, што значи дека животното имало скршеница и преживеало.
Повеќето скелети од тираносауруси се во музеи или во приватни институции, па ова наддавање ќе биде можност за некој приватен колекционер да дојде до скелетот. Неговата вредноста е проценета меѓу 6 и 8 милиони американски долари.

Според Хислоп, последен пат ваков комплетен примерок бил понуден на аукција во 1997 година, кога тираносаурусот наречен „Сју“ бил продаден за 8,36 милиони долари на Музејот на историјата на природата во Чикаго. Аукциската куќе се надева дека „Стен“ ќе го надмине овој рекорд, кога ќе биде претставен за време на продажбата на 6-ти октомври во текот на изложбата на уметноста на XX век.