Шкендија го дозна противникот за второто коло

Доколку Шкендија го елиминира тимот на Номе Кљау против кој е огромен фаворит, во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите, веројатно, ќе налета на островскиот гигант, Селтик.

Шкотскиот клуб најпрво ќе мора да ја помине првата пречка, наречена Сараево, а босанскиот тим не би требало да претставува голем проблем на гигантот.

Шкендија во сезоната 2015/16 се соочи со шкотскиот Абердин и тогаш малку фалеше да помине во следната фаза, но тимот на Селтик е далеку поинаква приказна, па тетовскиот тим ќе има и тоа како тешка задача во второто коло.