Шкендија се посрамоти, загуби од Номе Каљу и елиминирана во првото коло на ЛШ на стартот!

Сензација во Скопје, Шкендија загуби од Номе Каљу со 2-1 и е елиминирана уште во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, а за двомечот против Селтик ќе почекаат во друга прилика.

Шкендија победи со 1-0 во Естонија, па речиси никој не веруваше дека македонскиот шампион може да киксне на домашен тере и да ја испушти предноста, но токму тоа се случи.

Студен туш се случи уште во петтата минута од натпреварот кога по еден корнер Уге погоди со глава за водство на Номе Каљу од 1-0.

Се чинеше дека тоа е само старт на мечот и Шкендија брзо ќе дојде до пресврт. Тетовскиот клуб тргна офанзивно кон израмнување, содаваше шанси но изедначи дури во 62. минута со гол од пенал на Агим Ибраими.

Во продолжението Шкендија бараше и втор погодок иако од време на време гледаше и да ја задржи топката. Фудбалерите на Номе Каљу не се предаваа до самиот финиш и на крајот тоа им се исплатеше.

Во 91. минута уште една лоша интервенција на одбраната на Шкендија, Лилиу најдобро се снајде, даде гол кој значеше нивна победа од 2-1 и елиминација на македонскиот шампион.

Шкендија сепак останува во Европа, ќе игра во втората квалификациска рунда од Лига Европа, но дуел со Селтик ќе има Номе Каљу.