Скетино се враќа на остатоците од „Коста Конкордија“

Италијанскиот суд денеска му дозволи на капетанот на бродот „Коста Конкордија“, Франческо Скетино, ќе ги посети остатоците од бродот кој што се насука во близина на Тоскана во 2012-та година, кога загинаа 32 лица.

Судијата, кој го води процесот, му дозволил на Скетино заедно со група експерти да ги посети остатоците од бродот кој што се наоѓа на десетина метри од крајбрежјето, јавуваат италијанските медиуми.

Првата посета на експертите е направена на 23-ти јануари кога биле запленети два компјутера, кои што биле сместени во командната сала.

Во текот на посетата би требало да се направи преглед на генераторите.

Бродот „Коста Конкордија“ доживеа бродолом на 13-ти јануари 2012-та година, бидејќи пловел премногу близу до крајбрежјето.

Во несреќата, која што се случи во близина на островот Џиљо, загинаа 32 лица. На бродот имало 4.229 лица, од кои 3.200 биле туристи.

На капетанот на бродот му се суди за убиство од небрежност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.