„Скин солушн“ и „Алтер его“: После стресниот период вашата кожа заслужува најдобар третман

Одењето во Центри за убавина се смета за ритуал што секоја жена сака да си го дозволи од време на време. Тоа е неколку часовно опуштање, разгалување и изолација од светот околу нас, кој честопати е стресен за нашиот дух, а со тоа остава последици врз нашето лице и тело.

Периодов секако беше тензичен и стресен со пандемијата на коронавирусот, кој за жал ни го смени секојдневниот животен тек, но, со оглед на тоа што мерките веќе се олабавуваат, негата на лицете и на телото е нешто што не треба да го занемари ниту една жена, но и маж, исто така.

Специјалистичката ординација по дерматовенерологија и естетска медицина „Скин Солушн“ ви препорачува мезотерапија – метода на вбризгување на активни супстанции во кожата т.н коктели (витамини, амино киселини, антиоксиданси и др.) со помош на мали игли со димензии од 04-06см.

Во „Скин Солушн„ оваа метода се изведува од стручен дерматолог. Терапијата се користи за да се постигнат следните ефекти: подмладување на кожата на лицето, вратот и деколтето, редукција на брчки и стопирање на процесот на стареење, затегнување на кожата и подобрување на нејзината општа состојба. Бидејќи се изведува со специјални мали игли, третманот е речиси безболен. Единствен несакан ефект може да биде појава на црвенило и модринки кои се повлекуваат за неколку дена.

Во специјалистичката ординација по дерматовенерологија и естетска медицина „Скин Солушн“ се изведуваат повеќе типови на мезотерапија на лице: Хијалуроска мезотерапија, колагенска мезотерапија, кристал мезотерапија, Платинум мезотерапија и лифтинг мезотерапија.

Освен мезотерапија, ординација „Skin Solution“ нуди многу други анти-ејџ третмани: мезоконци, мезонити, плазмапен, колаген индуцирачки третман со дерма ролер, мезопорација (мезотерапија без игла), ботокс, дермални филери, неоперативен лифтинг, ласерско подмладување, радиофрекфенца, радиоендодермална терапија, дерма лифт  и др.

Центарот за естетика „Алтер его“, по карантинот заради коронавирусот и во престер на топлите денови, препорачува антицелулитната масажа:

Тоа е масaжа со посебна техника на работа со која се овозможува ослободување на заробениот (наталожен) целулит и помага во негово брзо елиминирање.

Жените кои практикуваат годишно по една или две серии од по минимум 10 трeтмани со оваа масажа имаат значително помал проблем или воопшто го немаат целулитот.

„Алтер его“ нуди и други квалитетни услуги како ласерска епилација на влакна на сите регии, ласерска рејувенација/подмладување на лице/, ласерски третман на акни, медицинска масажа на грб, чоколадна релакс масажа на тело, slimming третмани…

Повеќе информации и закажување термини на 078-261-996, 02/6134-111