Експертите од областа на медицината посочуваат дека користењето на заштитни маски значително го намалува ризикот од пренесување на коронавирусот.
Носењето на заштитни маски е препорачано или станува задолжително за одредени ситуации во секојдневниот живот.
Впрочем, како што стојат работите, процесот на своевидна нормализација на македонската економија најверојатно ќе вклучува користење на заштитни маски.
Во вакви околности, станува многу важно да се обезбеди можност за навремена и лесна набавка на заштитни маски за компаниите што сакаат да набават заштитни маски за своите работници. За да се олесни процесот, Стопанската комора на Македонија апелира до компаниите што произведуваат заштитни маски да ги достават до Комората основните информации поврзани со нивната продажба, цените, количините, периодот и начинот на испорака итн.
Стопанската комора бесплатно ќе ги постави овие информации на соодветно место на својата интернет-страница.
Со тоа, Комората ќе овозможи полесно да се сретнат понудата и побарувачката на заштитни маски на домашниот пазар. Kомпаниите што сакаат да набават и бесплатно да им дадат заштитни маски на своите вработени, тоа ќе можат полесно да го направат. Така, компаниите ќе работат, а работниците ќе бидат подобро заштитени.