СКМ: Субвенциите за земјоделство не дадоа резултати

Државата доделува земјоделски субвенции, кои не даваат резултати во земјоделството. Неопходно е да се промени начинот на доделување на субвенциите предлагаат од Стопанската комора. Нивната анализа покажала дека земјава повеќе увезува наместо да произведува пченица за што влијае и старата механизација со која се одгледува житните култури .

„Од 20 милиони евра поддршка во 2006 година до скоро 200 милиони предвидени за 2020 година потрошени се речиси една милијарда евра за сите изминати години, а сточниот фонд се намалува, додека пак, увозот е повеќекратно зголемен. Потребно е измена во методологијата за давање на субвенции. Доста е веќе традиционално земјоделско производство треба да се подржат се повеќе бизнис ориентираните производители“, рече Васко Ристовски-самостоен советник на Стопанска комора.