Скојанец фатен со десет мигранти кај Негорци

Полицијата уапсила скопјанец, кој бил фатен во шверц на мигранти, информираше МВР.

Регионалниот центар за Гранични работи „Југ“ поднесе кривична пријава против Д.Д.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење на мигранти.

Полициска патрола вчера околу 5 часот во близина на Болница „Негорци“ забележале автомобил „ауди А8”. Тие му дале знак на возачот да запре, но тој продолжил да вози. Полицајците тргнале по „аудито“, па по одредено реме го сопреле автомобилот.

При прегледот во возилото биле пронајдени 10 мигранти, државјани на Пакистан. Возачот бил приведен.