Скок на Академија Пандев на втората позиција во ПМФЛ

Македонските фудбалски прволигаши попладнево ги одиграа натпреварите од 31. коло. Новиот шампион Шкупи ремизираше со Македонија ЃП, а во директен дуел за второто место, Академија Пандев беше поуспешна од Шкендија.

Постигнати резултати:

Академија Пандев – Шкендија 4:2
Скопје – Пелистер 4:2
Работнички – Борец 2:1
Шкупи – Македонија ЃП 1:1
Струга – Брегалница 1:0
Тиквеш – Ренова 0:1

Табела: Шкупи 72 бода, Академија Пандев 61, Шкендија 59, Македонија ЃП 57, Струга 43, Ренова 42, Брегалница 42, Работнички 40, Скопје 32, Тиквеш 31, Борец 21 и Пелистер 11.