Скок на инфлацијата во Хрватска од 7,8 отсто, највисока во последните 4 години

Цените на стоките и услугите за лична потрошувачка, мерени преку индексот на потрошувачките цени, во март пораснале во просек за 7,3 отсто во однос на истиот месец лани, објави денеска Централниот завод за статистика на Хрватска, што е највисока инфлација од летото 2008 година.

Во однос на февруари, потрошувачките цени се во просек повисоки за 2,1 отсто, објави денеска порталот Данас.рс.

Во првиот квартал, споредено со истиот период од 2021 година, цените се во просек повисоки за 6,4 отсто.

Цените на храната, во кои се вклучени и безалкохолните пијалоци, кои сочинуваат четвртина од потрошувачката кошница, пораснаа за 10,3 отсто на годишно ниво и имаа најголем придонес во стапката на раст на годишниот индекс.