Скок на инфлацијата во сите земји, во Венецуела достигна 284,4 отсто

Според „Волстрит журнал“ минатата недела, инфлацијата во Русија би можела да надмине 20 отсто, додека во 2023 година се очекува да порасне за уште шест отсто.

Највисока инфлација од 284,40 отсто е забележана во Венецуела во март, потоа Либан со 208,13 и Турција со 61,14 отсто, објави порталот Трендинг Економика.

Состојбата со недостигот на енергија на светско ниво, кој настана како резултат на војната во Украина, забраната за увоз на енергија од Русија, но и прекинот на извозот од Русија во земјите ширум светот, придонесе за остри скокови на цените во многу земји.

Податоците на Trending Economics покажуваат дека инфлацијата во март била најниска во Боливија, само 0,77 отсто, потоа Макао 1,07 отсто и Кина 1,50 отсто.